ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема мерка притвор за Васко Ковачевски

Нема мерка притвор за Васко Ковачевски

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и усно и писмено е известено од страна на МВР за лицето Васко Ковачевски и јас сум вчудоневиден што за него не е побарано да се изрече мерка притвор, изјави денеска министерот Панче Тошковски, одговорајќи на прашање за случајот „Адитиви“, во кој еден од осомничените е токму поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој останува недостапен на надлежните органи и е надвор од земјава. Според Тошковски, Јавниот обвинител во овој случај имал обврска задолжително да побара од судот на Ковачевски да му се одреди мерка притвор во моментот кога ќе биде обезбеден во државата.

Advertisements

“Само за тоа лице Јавното Обвинителство не побара одредување на законска мерка согласно одредбите од ЗКП. Навистина не ми е јасно, особено имајќи предвид дека, затоа што првично во јавноста се шпекулираше дека за таков вид на кривично дело не можело да се побара најстрога мерка согласно одредбите од ЗКП, што како факт е неточен. Тоа не е точно. Значи, Јавното обвинителство согласно закон имало право, а ако ме прашате мене и морало за лице коешто е недостапно на органи на прогон да побара притвор”, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во случајот „Адитиви“ беа опфатени 23 лица, судот определи мерка притвор за вкупно осум лица, додека за Ковачевски јавниот обвинител достави предлог за да му се одземе пасошот како и обврска повремено да се јавува во судот и да добие забрана за одржување и воспоставување контакти за кои судот дополнително ќе одлучува откако ќе биде обезбеден во државата. Меѓу лицата кои добија ефективен притвор е и Васко Стефанов, наследникот на Ковачевски на директорската позиција во ЕСМ. Случајот Адитиви се однесува на местење на тендери во ЕСМ, РЕК Битола, ТЕЦ, Осломеј и ТЕЦ Неготино, а штетата направена од овие злоупотреби се проценува на 6,5 милиони евра.

Во врска со случајот адитиви полицијата и обвинителството за гонење организиран криминал и корупција вршеа претреси на повеќе локации во Битола, Неготино, Велес, Кичево и Скопје./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button