ВЕСТИЗДРАВСТВО

Нема нови случаи со ККХТ, Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваaт кон првентивните мерки

Двајцата пациенти заразени со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ) се стабилни. Според лекарите, најкритичната фаза од болеста кај нив поминала и не се очекува влошување на нивната состојба. Нема други суспектни случаи ниту, пак, кај некои од контактите е потврдено присуство за ККХТ, соопшти Министерството за здравство.

Advertisements

Потсетува на заклучокот од  последниот состанок со Комисијата за заразни болести што се одржа минатата седмица – да се препорачаат превентивни мерки за заштита на граѓаните од конго-кримска хеморагична треска која се пренесува со каснување од крлеж.

Преветивните мерки за заштита, главно, се однесуваат на информирање на граѓаните и на здравствените работници на кој начин се пренесува болеста и како да се заштитат од неа. Се препорачува со облека да бидат покриени експониранате делови – раце, нозе, врат, глава, да се носи светла облека за лесно да се забележи крлежот, облеката да се испрска со  спреј на база на синтетски пиретроид, но да се внимава да не се прска на кожата, да се користи репелент против крлежи и инсекти кои може да се нанесуваат на гола кожа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button