ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема објаснување зошто комплетирањето на ДИК е закочено

Нема појаснување од првиот човек на собраниската Комисија за избори и именувања, Марија Георгиевска зошто изборот на новиот член на Државната изборна комисија доцни со месеци. Конкурсот одамна заврши и четворицата претставени кандидати немаат информации што се случува. Партиите од Европскиот сојуз за промени велат дека заслужуваат член во ДИК, како албанска опозиција во Собранието.

Advertisements

„Вчера имаше средба на лидери. Мислам дека ќе се искористат сите демократски механизми членот на ДИК да биде од нашите редови, од албанската опозиција, бидејќи се друго освен тоа би значело подготовка за голем фалсификат на претстојните парламентарни и претседателски избори“, рече Бурим Латифи, ЕСП

Европскиот сојуз за промени го обвинува првиот човек на Собранието Талат Џафери за намерно одолговлекување на постапката. Тие дури рекоа дека вчера Џафери ја напуштил лидерската средба бидејќи опозициските лидери побарале решение за ДИК, поради што и тие ја напуштиле средбата. Првиот човек на Собранието на последната неформална средба со новинарите рече дека ја исполнил својата обврска околу објавувањето на конкурсот и сега останува на комисијата да ја продолжи постапката.

„Моја обврска беше да го објавам конкурсот . Комисијата за избор и именување треба да ги испита и да каже кои од нив ги исполнуваат условите. За тие кандидати имам должност да ги информирам опозициските партии – дека тоа се луѓето кои ги исполнуваат условите. Законот е јасен. Јас не го толкувам законот. Кој има потреба од толкување на законот, има процедура за автентично толкување“, изјави Џафери.

Во Изборниот законик стои дека составот на ДИК се усогласува во зависност од промената на соодносот меѓу власт и опозицијата во Собранието.

Изборен законик, член 27:

„Од кандидатите на предложената листа, опозициските политички партии го предлагаат претседателот и двајца членови на Државната изборна комисија, додека партиите на власт го предлагаат потпретседателот и тројца членови на Државната изборна комисија. Во случај на промена на политичките партии во опозиција или на власт, Собранието го усогласува составот на Државната изборна комисија…“

Потребен е широк консензус за новиот член на ДИК бидејќи гласањето е со 2/3.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button