ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема одговор дали имало стручен надзор за монтажните болници Обвинителството допрва ќе бара документи

Имало или немало фирма која извршила надзор над монтажните модуларни болници кои се монтираа низ земјава пред да почнаат да примаат КОВИД пациенти. Премиерот Зоран Заев, денеска посочи дека тој не знае дали воопшто државата ангажирала компанија која требало да изврши наздзор врз објектите кои во КОВИД пандемија ги монтираа фирмите „Брако“ и „Том и Ари“, вклучително и онаа во Тетово која изгоре и пожарот однесе 14 човечки животи.

Прашање: Имате информација дали имало надзор?

„Немам никаква информација. Како градоначалник можам да кажам дека модуларни, монтажни објекти се различни од градежните објекти кои што се со статики, со сѐ. Но, да не навлегувам во шпекулации“, рече Заев.

Ако премиерот не знае дали воопшто имало стручен надзор од акредитирана компанија врз сите 19 модуларни објекти низ земјава, министерот за здравство во оставка Венко Филипче, еден ден по трагедијата во Тетово за тоа кој, кога и како ги контролирал монтажните објекти рече.

„Овие делови во однос која е компанијата и како биле примопредавани, ќе биде дел од истрагата и сега не би сакал да изнесувам информации. Болницата е примопредадена на болницата во Тетово целосно средена согласно техничката информација“, велеше министерот Филипче.

Иако со денови по оваа изјава на Филипче, прашувавме во министерствата за здравство и труд и социјална политика која е таа фирма и дали воопшто имало надзор, одговор нема. И додека институциите упорно не одговараат на ова прашање од Алсат, обвинителството денеска соопшти дека го истражуваат и во овој дел – дали некој вопшто извршил стручен надзор врз модуларните болници, вклучително и на онаа која изгоре во Тетово.

„Побарано е да се обезбедат податоци во врска со лицето кое било одговорно за раководење со изградбата, лицето кое имало овластување за надзор при градбата на истата, да се достави извештај дали е извршен технички прием и доколку е извршен – кој го извршил“, соопштија од Јавното обвинителство.

Информации детални од институциите нема, освен информација од обвинителството за организиран криминал и корупција дека издале наредба да се одземат документи за тендерот за монтажа на КОВИД модуларните болници.

Според информации на Алсат, Бирото за јавни набавки документацијата за тендерите за монтажните објекти треба да ја достави денеска до обвинителството, додека Министерството за труд и социјална политика целокупната документација има рок да ја достави до среда. Токму на страната на министерството за труд се објавени договорите за склучени договори со „Брако“ и „Том и Ари“ за монтажа и опремување на модуларните болници. Иако овие документи се јавни нема јавен договор за тоа која фирма извршила стручен надзор врз тие објекти, за кои фирмата изведувач и министерството за здравство рекоа дека имале само естетски пропусти.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button