ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема одговорност како исчезнале документите за синот на Џафери

Скандалот со исчезнувањето на документите во Министерството за правда во случајот со синот на првиот човек на Собранието и другите кандидати на кои им е доставено уверение за правосуден испит, треба да се расчисти и да има одговарност. Од Државниот архив во рамки на потрагата по документи ни рекоа дека министерствата сами го избираат периодот на чување на документацијата, а времетраењето на чување е нивна обврска.

Advertisements

„Сите институции, согласно законската регулатива, со комисија го утврдуваат рокот на чување во посебниот дел од Планот за архивска категоризација – списокот на архивски материјал и списокот на материјалот за документација со рок на чување“.

На прашањата кои АЛСАТ ги испрати до Министерството за правда околу нечувањето на документацијата во архивата, одговорноста за исчезнувањето како и моменталната состојба со архивирањето, добивме одговор дека практика на министерството на чело со Аднан Јашари во тоа време била да се чуват само 1 година.

„Досегашната практика на чување документи беше документите на кандидатите, поточно барањата и другите дополнителни документи на кандидатите за полагање правосуден испит, да се чуваат 1 година“.

Во меѓувреме, во врска со случајот со Барлет Џафери и целиот скандал со поголем број студенти, министерот за правда одби да зборува пред камера.

Но, по прашањата што ги испративме писмено, Тупанчевски призна дека имал средба со првиот човек на Собранието, Џафери, но според него, не се зборувало за неговиот син.

„Во наредниот период неколку закони предложени од Министерството за правда се во собраниска процедура. Во оваа насока, министерот за правда остварува средби, разговори, координации и консултации со координаторите на пратеничките групи како и со претседателот на Собранието за да се забрза процесот на одобрување на важни закони за евроинтегративните процеси“.

Антикорупциска продолжува да истражува дали оваа појава, како онаа со Барлет Џафери, се повторила и кај актуелни судии или обвинители. Од друга страна, Министерството за правда сѐ уште не гледа начин како случајот да добие разрешница.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button