
Тренерот на Арсенал, Микел Артета се уште верува дека неговиот тим има шанси да стигне до шампионската титула во Премиерлигата и покрај тоа што предноста на Ливерпул на врвот на табелата изнесува 11 бодови.
Како што вели шпанскиот стратег само „преку него мртов“ некој во клубот ќе се откаже од сонот конечно да се стави крај на шампионската голгота.
„Нема откажување од борбата за титула. Само преку мене мртов. Ако престанам да верувам, си одам дома момци. Математички се уште сме во игра, се е можно“, изјави Артета.
Во следниот натпревар Арсенал му гостува на Нотингем Форест, додека Луверпул го очекува средба со Њукасл.