ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема повредени во пожарот во тетовската млекарница

Пожарот во млекарницата Хит 73 во Камењане, Општина Боговиње синоќа е локализиран по речиси два часа гаснење на огнот од страна на пожарникарите.

Advertisements

Според информациите од дежурните во Територијалната противпожарна единица во Тетово, пожарот бил пријавен во 18 часот и 20 минути.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека на помош стигнале и пожарникари од Гостивар, Скопје и Кавадарци.

Густиот чад од пожарот во млекарницата која се наоѓа на десетина километри од Тетово се забележуваше и во градот, а се чувствува и непријатната миризба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button