ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нема правда ако има на слобода корумпирани судии и обвинители, вели Пендаровски

Правда нема да има сѐ додека, корумпирани политичари, но и судии и обвинители, кои носат скандалозни одлуки се на слобода, рече во своето новогодишно обраќање претседателот на државата, Стево Пендаровски.
„Теза која многу од нас ја повторуваат со години е дека нема правда ако нема актуелни политичари во затвор, за корупција. Но, правда нема да има и сѐ додека се на слобода судиите и обвинителите кои носат скандалозни одлуки, зад кои, веројатно стојат коруптивни мотиви“, рече Пендаровски.