Нема промена на бројот на хоспитализирани пациенти од пожарот во Кочани

Нема промена на бројот на хоспитализирани пациенти од пожарот во Кочани, информираат од Мнистерството за здравство. Отаму велат дека во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациетни и се во добра состојба, од кои по шестмина се во стара градска болница и ГОБ 8-ми септември и 4 во клиничкиот центар. Во соопштението се вели дека во последните 24 часа се примени и нови четири пациенти од странство.
„На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени 4 пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување. Сите се во добра општа состојба. Во текот на вчерашниот ден кај двајца пациенти од Солун има одредено подобрување и се екстубирани, од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија.Кај останатите пациенти состојбата е непроменета од вчера“, велат од министерството за здравство.
За денес нема најава за враќање други пациенти од странство, се вели во писменото соопштение од Министерството за здравство, додаваат дека тие и понатаму ќе ја следат состојбата на повредените пациенти и остануваат во комуникација со медициснските тимови од земјата и странство.
Ангел Димовски