СПОРТФУДБАЛ

Нема промени на АТП листата, Синер продолжува на првото место

Италијанецот Јаник Синер минатата седмица забележа нов успех и со Италија ја одбрани титулата во Дејвис Купот. Тој останува на лидерското место на АТП листата, која беше објавена денеска, со вкупно 11.830 освоени бода.

Advertisements

Примени во рангирањето на првите десет играчи на планетата нема, па така на второто место сè уште е Александар Зверев, па следуваат Шпанецот Карлос Алкараз со 7.010, Тејлор Фриц од САД, Русинот Данил Медведев и Норвежанецот Каспер Руд.

На седмата позиција е најтрофејниот – Новак Ѓоковиќ, осми е Русинот Андреј Рубљев, а зад него се Австралиецот Алекс де Минор и Бугаринот Григор Димитров како десетти играч во светот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button