ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема протокол за спасување на планинари, а ги има сè повеќе

Нема протокол за спасување на планинари, а ги има сè повеќе

Во Македонија сè уште не постои организиран и ефикасен систем за спасување од планина, во време кога се поголем е интересот  кај македонските граѓани, но и кај странските туристи, за планинарење. Сето тоа ја доведува под знак прашање и безбедноста на оние коишто се качуваат на планина.

Advertisements

„Клучниот проблем во моментот е што планинското спасување во нашата држава не е решено институционално и со легислатива и ние немаме закон. За разлика од нас, во Хрватска за горската служба, тој дава овластувања на волонтерите, кои ја рабптат оваа работа. Еве прост пример ќе ви кажам. Во моментов е активиран бројот 112 којшто е број на целата територија, но ако некој се јави во моментов со проблем на планина, едноставно системот 112 нема конкретен одговор, нема протокол каде да се обрати“, рече Антонио Додевски-раководител на планинско спасителна служба Охрид.

Македонија располага со центри опремени со најсовремена опрема и кадар, но тоа не значи ништо ако спасителите немаат јавни овластувања.

„Во земја каде што 75% од површината се планина, каде што најголем дел од имиџот кај туристите е дека ќе дојдат, ќе планинарат, да немаме организирано планинско спасување е повеќе од катастрофа. Ние мора од вчера да почнеме да го решаваме овој проблем, особено ако сакаме да го искористиме овој пост ковид период и оваа очекувана експлозија која ни се случува од доаѓањето на вистинските туристи, кои гледајки тоа што сега го имаме во Охрид е изменет профилот. Но, тие очекуваат дека ќе добијат сервис и дека ќе дојдат во безбедна дестинација. Затоа и законот е потребен“, изјави Костантин Циривири- Национален Сојуз за спасување на планина.

Хрватскиот модел за спасување на планина е еден од најдобрите во Европа.

„Голем дел од луѓето кои ги спасуваме се туристи, голем дел од нив се луѓе кои шетаат по планините, а не се планинари. Способноста на спасувачите и да се генијални, ако не се подржани од страна на државата, ќе останат само на способноста, но нема да има финално решение“, рече Јосип Граниќ- Хрватска ланинарска служба за спасување.

Носењето на соодветен закон ќе им овозможи на спасителите на планина, да знаат која е нивната конкретна улога и во кои ситуации, односно точно ќе биде дефинирано, кој во кој сегмент ќе биде одговорен.

Минатата година планинарската спасителна служба од Охрид имала 50 интервенции на спасување на планина, а  годинава досег 17 интервенции./Alsat.mk

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button