Нема решение за депониите во Арачиново и Липково

Ридови отпад на дивите депонии низ земјата.Општините тврдат дека ги чистат но на терен отпадот e насекаде. И по повеќе од дваесет години на иста локација стојат двете диви депонии во општините Арачиново и Липково. Првата депонија се наоѓа на самиот излез од Арачиново на магистралниот пат Скопје-Куманово, втората на еден километар од првата.
„Дивите депонии во овие општини се вистинска еколошка бомба.Тука може да се најде речиси се од градежен шут,пластични и стаклени шишиња,непотребни играчки па дури и остатоци од храна. Страшно е што овие депонии често знаат да се запалат, а чадот штети по здравјето на жителите од околните населени места.“
Актуелниот градоначалник на Липково Еркан Арифи во првите шест месеци од својот мандат ветуваше решение за најголемата дива депонија во оваa општина.
“Депонијата во село Никуштак да ја оградиме со ѕид за да не м пречиме на нивите и луѓето кои поминуват од таму ”
Четири години после ова изјава, на терен иста слика. Сега решението го гледаат ви изградбата на регионалната депонија.
„Имаме проблеми со општина Арачиново и Куманово кои фрлаат отпадоци, дури и работниците кои одат на работа во Скопје од Куманово и тука фрлаат отпад. “
Од друга страна предизборно ветување за другата депонија во Арачиново, имаше и актуелната градоначалничка Миликија Халими.
„Како можеме да живееме достоинствено кога секојдневно се соочуваме со ѓубре на нашите улици.Дивата депонија гори секој ден, и непотребно ги труе сите жители. Ние сме луѓе кои живееме во 21 век, не заслужуваме услови како во средниот век.“
„Од општина Арачинов ниту градоначалничката ниту вработените задолжени за овој проблем не сакаа да коментираат кога граѓаните на Арачиново ќе добијат решение за дивата депонија.“
Од друга страна жителите на општините мака мачат со отпадот, велат дека се гушат од лошата миризба.
„Проблемот е кај општитана ние го чистиме губрето во селото. Од нова година само четири пати биле да го соберат отпадот од селото,го палат отпадот неможеме да поминеме низ патот.“
„Неможам да спијат од миризбата куќата ми е блиску до депонијата десет метри. Целото село пати од ѓубрето,никогаш вака не било. Дали имаме или немаме општина по се изгледа дека немаме. “
Дивите депонии и наттаму ќе останат на исто место се додека не се изгради ветената регионална депонија во Свети Николe за да се собира целиот отпад од овие општини. Дел од граѓаните и понатаму ќе фрлаат отпад во дивите депонии, а дел во нив ќе бараат извор за дополнителен приход собирајќи старо железо.
Андреа Чобанова