
Новинарка: Ајнур Бафќари
Кучињата скитници и понатаму остануваат горлив проблем, особено во скопскиот регион. Од МВР за Алсат велат дека за само 5 месеци добиле 473 пријави за напад или каснување од куче во Скопје.
Од „Лајка“ велат дека невозможно е трајно отстранување на кучињата од улица, а причина за тоа се малиот капацитет на прифатилиштето кое во моментов служи само како транзитно прифатилиште каде се носат, проверуваат, вакцинираат заловените кучиња и стерилизирани и повторно се враќаат на улици. – Радмила Пешева, директорка на „Лајка“
Волонтерите кои помагаат во различни активности на претпријатието „Лајка“ повикуваат да не се купуваат кучињата, туку да се вдомуваат.
„Мислам дека е многу важно да се вдомат наместо да се купат, бидејќи има многу добри кучиња овде на кои им треба засолниште и треба почесто да им помагаме на скитниците“, рече еден граѓанин.
„Имам многу пријателки кои засолниле одовде и многу е важно да ги земеме, а не да ги купуваме, бидејќи во Македонија има многу кучиња кои можат да се засолнат и да имаат среќен дом“.
Нема официјална бројка за бројот на кучињата скитници во главниот град. Проблемот со кучињата скитници е присутен и во другите градови и општини низ државата. /алсат.мк