Нема решение за настава по албански во Идризово
Нема решение за настава по албански во Идризово

Во ОУ „Његош“ во општина Гази-Баба и оваа нова учебна година нема да има настава на албански јазик од шесто до деветто одделение. Ова за Алсат го изјави новата министерка за образование, Весна Јанева, додавајќи дека е прекраток временскиот период за да се испитаат и да се вратат на колосек процедурите што ќе овозможат изучување албански јазик во Идризово.
Во меѓувреме, во однос на прашањето за наставата во Чашка, Јаневска нагласи дека има само мал напредок во оваа насока – настава на албански јазик ќе има но во модуларен објект, кој се очекува да биде изграден пред официјалниот почеток на учебната година. Објектот ќе биде во село Бањица, а не во регионот каде што досега учениците учеа на македонски јазик.
Првата парарелка во модуларниот објект ќе биде за прво одделеление, додека за другите паралелки зависи од тоа што потпишале родителите.