Нема решение за приватниот јавен превоз во Скопје
Нема решение за приватниот јавен превоз во Скопје

Приватните превозници не постигнаа договор со Град Скопје да ги добијат парите што им ги должи локалната власт. Претставниците на „Слобода превоз“ по четири часа разговори со секретарот на Градот, излегоа без договор.
Повеќе од еден месец не возат ниту автобусите на приватниот превозник „Макекспрес транс“, кои сообраќаат на пет линии. Директорот Милорад Димитриевски вели дека иако Град Скопје им должи повеќе од 300 илјади евра, после 30 години го раскинале договорот со оваа компанија.
Градоначалничката на Скопје тврди дека градот не е виновен за ваквата состојба со превозот, па дури и ги обвини приватните превозници за пропусти во работењето.
Од целата оваа ситуација најмногу страдаат граѓаните кои со часови чекаат на станиците.
“Зависи… половина час, каде што сум јас, чекаме секој час. Во Огњанци”, рече еден граѓанин.
“Чини пари, ама кој те прашува. Кој?”, додаде друг.
Доколку не се постигне договор со Град Скопје, приватните превозници најавуваат тужби, протести и сообраќајна блокада./Alsat/mk
Мефаил Исмаили