ВЕСТИРЕГИОН

Нема резулати од средбата меѓу преговарачите на Србија и на Косово во Брисел

Без постигнати резултати е завршена средбата во рамките на дијалогот меѓу двајцата главни преговарачи на Косово и на Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ и пратеникот на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Advertisements

Претставникот на српската владина Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, по трилатералната средба во Брисел рекол дека разговорите биле тешки и дека српската делегација инсистирала на формирање Заедница на српски општини (ЗСО) и за нормализирање на односите, но дека Бесник Бислими одбил да разговара за нацртот за ЗСО.

„На средбата со Лајчак инсистиравме на формирање Заедница на српски општини бидејќи тоа е клучно прашање за опстанокот на народот, но и за процесот на нормализација. Важно прашање е прифаќањето на Нацрт-статутот на ЗСО, кој го подготви ЕУ. Белград рече дека е подготвен да разговара за тој нацрт, Бислими одби да разговара. Тоа покажува дека тие никогаш нема да формираат Заедница на српски општини, не сакаат. Политиката на Албин Курти е политика на протерување на Србите, особено од северот на Косово“, изјавил Петковиќ по средбата, пренесува српскиот портал „Н1“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button