ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема село кое нема проблем со јавниот превоз

Нема село кое нема проблем со јавниот превоз

Во отсуство на јавен превоз, учениците од селото Матка патуваат над 5 километри пеш за да одат на училиште. Учениците од селото Блаце одат во центарот на селото за да почекаат некој од жителите да ги однесат во средните училишта каде што учат. Иста е состојбата и во селото Љуботен. Над 200 ученици чекаат секој ден тука во центарот на селото дали ќе бидат превезени во средните училишта каде што учат.

Advertisements

Жителите на Љуботен кои ги сретнавме во центарот на селото, градејќи го самоиницијативно урнатиот ѕид, велат дека се заборавени и од локалната и од централната власт.

„Нашите советници не знаат каде е Љуботен, а кога ќе дојде време за гласање доаѓаат наваму. Има студенти кои одат претпадне и по еден ден ги носат со автомобил, секој се ангажира да ги пренесува децата. Немаме амбуланта, гледате, 600 куќи ниту лекар имаме, тука е подготвено, но сите не можеме да го направиме тоа, да ги изградиме ѕидовите, да изградиме амбуланта, да изградиме џамија. Каде да одиме прво. Сè што е направено од селото и општината не функционира“, рече Мамер Муслиу – жител на Љуботен.

„Учениците одат на училиште кога ги испраќаат своите родители кои имаат автомобили. „Другите во милост на судбината кога ќе помине некој селанец ги зема, а кога не поминуваат остануваат без настава. Јас лично секој ден го праќам мојот син на училиште, добиваат изостаноци од наставниците бидејќи не знаат што е проблемот во селото. Немаме јавен автобус, но имаме приватен автобус. Сега каде е проблемот, во Градот Скопје што не им дозволува, ние тоа не знаеме“, рече Ахмет Амети – жител на Љуботен.
Според жителите на Љуботен, околу 350 средношколци секој ден се соочуваат со тешкотии при превоз до училиште. Излегуваат и ги чекаат жителите во центарот на селото кои ќе ги земат или во спортивно остануваат дома.

„Секој ден патуваат околу 300 или 350 ученици. На кој начин, како се снаоѓаат? Ние, како жители на ова село, сме принудени да ги напуштиме нашите работни места и да ги носиме нашите деца на училиште за да не ги пропуштат наставните часови„, рече Рефик Мифтари – жител на Љубетен.

До с. Љуботен сообраќа приватната линија со број 47А. Приватните линии сообраќаат дури по 17:00 часот. Од Јавното сообраќајно претпријатие немаме одговор кога ќе заврши хаосот со јавниот превоз во селата каде најмногу страдаат учениците кои патуваат во средните училишта./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button