ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема сигнали од Софија за тргање на ветото за старт на преговорите со ЕУ

Нема сигнали од Софија за тргање на ветото за старт на преговорите со ЕУ

Софија засега не дава сигнали за промена на ставот и услишување на барањата од Скопје за тргање на ветото и отворање на преговорите за влез на Република Северна Македонија во Европската Унија.
Претседателот Стево Пендаровски вели дека не гледа значителна промена во однесувањето на Бугарија и смета дека шансите за деблокада до крајот на јуни се половични.

Advertisements

Во интервју за Еуроњуз, Пендаровски истакна дека и покрај сите случувања на европскиот континент со руската инвазија на Украина и сите геополитички мотиви што го доведуваат во прашање концептот на обединета Европа, бугарската позиција сè уште е тешка, и не се забележани значителни промени, во пресрет на одлуката на Брисел што се очекува до крајот на јуни.

– Но, ако ме прашувате мене, ако прашувате за моето внатрешно чувство – во Северна Македонија сум познат како политичар кој го кажува своето мислење. Немам еден личен или друг официјален став. Ќе ги ценам нашите шанси за почеток на преговорите, конечно по 17 години во кои сме кандидат, на помалку од 50 отсто, рече претседателот Пендаровски.

Бугарија, посочува шефот на државата, пробува да го имитира однесувањето на Грција кон Северна Македонија во последните децении, поставувајќи предуслов за влез во Унијата, но бугарските барања се многу поконтроверзни од грчките со оспорувања на македонскиот идентитет.

– Грците никогаш не го доведуваа во прашање нашето етничко потекло. Никогаш не рекоа „не си Македонец“. Во ситуацијата со Грција, дадовме можност, ако сакате да се идентификувате како етнички Македонец, можете да го направите тоа. Ако некои луѓе во Грција денес велат дека се Македонци, имаат право на тоа. Бугарија го оспорува идентитетот на Македонците и тоа е големиот проблем, вели претседателот Пендаровски.

Според него, Бугарија ја изразува позицијата на бугарското општество, како резултат на долгогодишниот став на бугарските политичари и историчари, што датира од времето на комунизмот.
Пендаровски смета дека е потребно да се говори за вистинските аргументи и критериуми што државата ги исполни за влез во Унијата, а не да се дискутира за 19 или 20 век и за спорни историски прашања./MIA

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button