ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема судска развршница за политичарите на црната листа

Нема судска развршница за политичарите на црната листа

Многу судски предмети во Македонија со години застаруваат, се тактизира со носење на одлуки за личности кои се или биле на високи функции, поради што нема не само политичка, туку и кривична одогворност, велат универзитетски професори. Многу од политичарите кои се најдоа и на црната листа на САД, се уште се на високи позиции во државата. Таков е случајот и со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за кого сеуште нема ниту една пресуда за 11 обвиненија кои му се ставаат на товар.

Advertisements

„Ние го имавме 353 познатиот член од Законт, а тоа е злоупотреба на службена дожност.Имаше доста тешки казни за тоа. Го сменија 353 и автоматски со таа измена на законот со укинување на тој став, едноставно 80% од делата застареа. Сега се спрема нов кривичен закон. Се поставува прашањето зошто не се донесе. И во кампањата сите политички партии рекоа ќе го вратиме старото решение, но очигледно на политиката и одговара“,рече Борче Давитковски-универзитетски професор.

Најлоша работа што се случува е каде преку измена на законските прописи се влијае на директна примена на правото. Тоа повеќе не смее да случува вели Давитковски.

„Ако судската власт си ја обавува работата како што треба, тогаш извршната власт нема вака распашано да се однесува во однос на аплицирањето на политиката. Тие работат како никогаш да нема да одговараат. Сите носители во изминатите 30 години“, додаде тој.

„Носењето на бирократски закони во интерес на одредени лоби групи, различното толкување на законите, неусогласеноста на судската пракса доведе до еден феномен, наместо одговорност да имаме неодговорност. Постојат надлежни институции кои треба одговорно да ги вршат своите работи, да не застаруваат предмети, да не остануваат во бројни заборавени фиоки, туку секој да си ја врши совесно и чесно својата работа“, рече Ангел Ристов-универзитетски професор.
.Довербата на правосудниот систем со години е само 2%./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button