Немањето кворум останува проблем на Собранието
Немањето кворум останува проблем на Собранието

Собранието и понатаму останува полуфункционално и неефикасно во својата работа. Во првата недела од работата по празниците, законодавната институција се соочи со стариот проблем, немањето кворум. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека парламентарното мнозинство не е способно да се организира.
Од Алијанса за Албанците коментираат дека Собранието или долго време не функционира или делумно со помош на опозицијата.
„Тоа се прашања кои треба сериозно да се постават до Владата, да се постават до партиите што го сочинуваат парламентарното мнозинство, дали има бројки во Собранието или не. Доколку немаат, треба да докажат кои се тие пратеници кои не го поддржуваат парламентарното мнозинство, а тоа автоматски го подразбира прашањето дали Владата има легитимитет во Собранието или не“, изјави Сурија Рашиди, координатор на АА.
Од СДСМ уверуваат дека од следната недела Собранието ќе почне со интензивна работа.
Во анализата од работата на Собранието за 2022 година, која ја презентираше самиот спикер Џафери, јасно се гледа малиот број на одржани седници на комисиите, но и на пленарни седници.
Мефаил Исмаили