Необичен но вкусен рецепт – Joркшир пудинг


Алсат
24.06.2020 08:19
Слично e на она што се нарекува еклер тесто или крофна тесто, но со поинаква структура.
Состојки:
4 јајца
200 мл. млеко
200 гр. брашно
прстофат сол
сончогледово масло
Подготовка:
Чекор 1: Јајцата матете ги со жица. Додадете го млекото и продолжете да матите. Додадете го просеаното брашно во садот и продолжете да матите. Додадете прстофат сол. Матете додека не добиете смеса погуста од смесата за палачинки.
Чекор 2: Во калапите ставете околу 1 см масло. Користете сончогледово масло бидејќи поднесува висока температура и не гори лесно. Калапите со масло ставете ги во рерна на 190 степени 15 минути да се вжештат.
Чекор 3: Секој калап полнете го од прилика 80%. Додека ги полните калапите, смесата се готви и се полни веднаш со воздух. Внимавајте кога ќе ги полните калапите смесата да не се лепи по страните на калапот. Доколку се залепи по страните, нема да може да нарасне, а потребно е да порасне што е можно поголема.
Чекор 4: Печете на 190 степени околу 20-25 минути. Ќе внимавате да добијат убава златна боја.
Чекор 5: Сервирајте по желба!