ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Необјективно и оркестрирано гласање за новиот состав на ДКСК – реагира членка на Комисијата за селекција

По објавувањето на ранг-листата на кандидатите за следниот состав на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), членката на Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на Антикорупциската комисија Снежана Камиловска-Трповска информира дека има издвоено мислење по однос на утврдената листа во кое посочува на, според неа, необјективно и оркестрирано гласање на другите членови на Комисијата.

Advertisements

Ревизорите Татјана Димитровска, Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, вработените во Антикорупциската комисија Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаиљи, судијката Софија Спасова-Медарска и Сервет Демири од ревизијата на претпристапната помош за ЕУ се предложени за нови членови на ДКСК.

Претседател на Антикорупциска, според утврдената листа, во следните пет години ќе биде Димитровска.

Нив по тридневно јавно интервјуирање ги изгласа комисијата за избор на ДКСК, а ранг-листата  со нивните бодувања беше објавена синоќа пред полноќ. За да станат членови на ДКСК, кандидатите треба да ја добијат поддршката од пратениците на пленарна седница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button