ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Неплатениот долг приватните превозници ќе го бараат преку суд

Приватните превозници ќе ги бараат парите што, според нив, им ги должат ЈСП и Градот Скопје. И од „Слобода превоз“ и од „Мак експрес транс“ веќе ги ангажирале своите адвокати да поднесат тужба против Град Скопје. Велат дека и пред судијата, градоначалничката мора да одговори на обвинувањата дека приватните превозници направиле злоупотреби со продажбата на билети.

„Нашето законско право ќе го бараме на суд. Да, да, поднесовме тужба. Ангажиравме и адвокат. Тужбата ќе оди, бидејќи правото е наше. Имаме фактури кои ги доставивме до ЈСП и Град Скопје. Имаме факти дека работата од наша страна е извршена, но исплатата не е“, вели Исмаил Сали, „Макекспрес“.

Ова реакција доаѓа по седницата на Советот на Градот, каде Данела Арсовска рече дека ако приватните превозници сметаат оти Скопје им должи, парите да си ги бараат во суд.

Освен тоа, Арсовска најави дека во текот на неделава ќе биде објавен јавен повик за ангажман на приватни превозници и оти таму можат да се пријават сите правни субјекти кои се занимаваат со градски јавен транспорт. Од „Мак експрес“ оваа изјава на Арсовска ја оценија како празни зборови, бидејќи како што велат, досега многу зборувала, а ништо не направила. Од „Слобода превоз“ апелираат градоначалничката да го реши создадениот хаос.

„Не сме виделе ништо досега, таа само зборува, но досега не добивме ништо“, додава Сали.

Приватните превозници со протестите продолжуваат од петок.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button