Непочитувањето на сообраќајната сигнализација во повеќето случаи доведува до катастрофа
Непочитувањето на сообраќајната сигнализација во повеќето случаи доведува до катастрофа

Непочитувањето на сообраќајните правила како од возачите на автомобили и од граѓаните се меѓу главните фактори кои предизвикуваат сообраќајни несреќи во голем број за кои сме сведоци во последно време. Последната сообраќајка со човечка жртва е претходната ноќ на овој булевар, булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Општина Чаир.
„Пребрзо, премногу, претерано. Некој кој не застанува може дури и да ве згазне, има различни луѓе, сите немаат ист ум. Повеќе млади луѓе возат брзо, каде што живеам, многу брзо возат, речиси ме згазија“, еден граѓанин.
Граѓаните сметаат дека лежечките полицајци ја забавиле брзината на возачите, но несовесните возачи намерно отстрануваат делови од нив, како би ја постигнале посакуваната брзина во возењето.
Претходната ноќ, како што соопшти МВР во 18:43 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, автомобил со скопски регистарски таблички, управуван од 19 годишна девојка од Скопје, удрил во жена, која починала на лице место./Алсат.мк
Мелихате Рустеми