Неправедна распределба на средства по скоипските општини
Неправедна распределба на средства по скоипските општини

Градот Скопје од 2020 година инкасирал над 18 милиони евра од даноци од граѓаните на општина Чаир. Но, во последните три години, според градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, не се инвестирани ниту еден милион евра во капитални инвестиции за доброто на граѓаните во оваа општина на градот Скопје. Ганиу додаде дека со не-претворањето на даноците во инвестиции се врши дискриминација на граѓаните на Чаир.
„Општина Чаир отсекогаш генерирала средства за градот Скопје и од 2020 година има собрано или апсорбирано средства од даноците на општина Чаир некаде над 18 милиони евра, додека досега за овие три години цифрата не достигнала ни еден милион евра за инвестиции од градот Скопје и ова е целосна дискриминација и во иднина ќе треба да видиме друг модел каде ќе го обврзуваме градот Скопје тие средства што ги добиваат, да ги врати реципрочно со капитални инвестиции“, рече Висар Ганиу – градоначалник на општина Чаир.
Министерот за локална самоуправа Златко Перински при посетата на општина Чаир рече дека најголемиот проблем со кој се соочува градот Скопје во моментов е тоа што парите што доаѓаат од скопските општини се инвестираат неправедно.
Во меѓувреме, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на прашањето дали ќе биде кандидат за градоначалник на град Скопје на претстојните локални избори, рече дека ќе биде, но дека неговата партија ќе го каже последниот збор. Во однос на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, дали ќе се кандидира за уште еден мандат, рече дека кој и да ја преземе општината од ВЛЕН ќе работи за доброто на граѓаните на Чаир./Алсат.мк