ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Неправилности на изборите во ДУТ, инспекторатот со главата во песок

Неправилности на изборите во ДУТ, инспекторатот со главата во песок

Просветниот инспекторат е нефункционален и цело време надвор од динамиката на настаните. АЛСАТ денеска праша дали вршат инспекциски надзор по повлекувањето на тројцата кандидати за нов ректор на Тетовскиот универзитет, но оттаму велат дека не добиле никакви жалби.

Advertisements

„Тројцата поранешни кандидати за ректор на УТ отворено кажаа: Има неправилности, притисоци врз професорите и членовите на нивните семејства и мешање од трети лица. Но и покрај ова, владее молк од најнадлежната институција која треба да ги истражи овие појави, Просветниот инспекторат“, известува Ардит Рамадани, новинар.

АЛСАТ денеска побара став од Просветниот инспекторат, прашувајќи за улогата што ја имаат во однос на ова прашање. Оттаму повторија дека немаат законски овластувања откако имало измени во Законот за образованието во времето на поранешната министерка Рената Дескоска.

И во однос на прашањата за прекршоци и првото откажување на конкурсот во ДУТ, од Инспекторатот го велат истото.

„За констатираните неправилности при инспекцискиот надзор, Инспекторатот го извести Министерството за образование и наука и тоа треба да постапи врз основа на член 202, 203 и 204 од Законот за високо образование. Од инспекторатот нема сознанија дали Тетовскиот универзитет се пожалил на втор степен.“

За синоќешното повлекување на тројцата кандидати за ректор, со евентуална промена на гласачкото ливче, а пред сè опциите ДА, НЕ и ВОЗДРЖАН, од инспекторатот велат:

„До Државниот просветен инспекторат сè уште нема пристигнато жалби од кандидатите кои се повлекоа од трката за ректор.“

Но, од Инспекторатот не знаат што би направиле дури и да добијат жалби. Како институција со ограничени надлежности, каде мерки презема само министерот за образование, се наметнуваат десетици прашања зошто оваа институција воопшто постои кога нема можност да изрекува санкции и го оптоварува државниот буџет?

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button