Непречено се развива наставниот процес во основното и средното образование

Околу 400 ученици или 0,15 отсто од вкупно 250-те илјади во основното и средното образование отсуствуваат од настава, бидејќи се заразени со Ковид 19. Според податоците на Министерството за образование, само 0,81 отсто од вкупниот број вработени во образованието отсуствуваат, а кои доставиле и извештај дека се позитивни на Ковид 19. Во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“, отсуствуваат 4 професори и 17 ученици, веќе евидентирани со вирусот.
„Секако дека се создава метеж во училиштето, со отсуството на професорите многу се отежнува воспитно-образовниот процес. Правиме се за да избегнеме проблеми, се е организирано и се надеваме дека процесот ќе оди добро. Официјално имаме 17 ученици кои се позитивни и секако има многу ученици кои не дошле на училиште. Некои штотуку признале дека имаат симптоми, но во меѓувреме ќе бидат тестирани и ќе ни кажат“, изјави Тесним Етеми, „Здравко Цветковски“.
Директорот на гостиварската гимназија, Мирсад Исени, рече дека ваквата состојба се очекува да продолжи уште две недели.
„7 ученици, 1 педагог со со симптоми, и се позитивни. При контролата во училниците имавме и голем број отсуства заради различни симптоми на грип, без завршни прегледи дали се од типот Ковид или Омикрон. Од над 600 ученици, 30 до 40 други ученици имаат различни симптоми“, рече Мирсад Исеини, директор на гимназијата „Гостивар“.
Учениците се вратија на училиште по едномесечна пауза, од кои 8 дена беа дополнителни пауза, поради големиот број заразени со Ковид-19. И во второто полугодие, здравствените протоколи остануваат на сила, како што се носење маска, дезинфекција на рацете и мерење на температурата. Над 250 илјади ученици се вратија во училишните клупи во основно и средно образование.
Мелихате Рустеми