ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Непроштено: Ветувањето за санирање на канализацијата се заборави

Непроштено: Ветувањето за санирање на канализацијата се заборави

Десетици жители на село Непроштено во Теарце протестираа во знак на револт поради, како што велат, неисполнување на ветувањата на првиот човек на општината за асфалтирање на патиштата и санирање на канализационата мрежа. Жителите се жалат дека по дождовите цело маало се поплавува.

Advertisements

„Наш проблем е патот кој не е саниран две години. Барањето што го доставивме пред две и пол години не е земено предвид ниту од поранешниот градоначалник Исен Асани, ниту од актуелниот градоначалник кој не презел никакви мерки за да се поправи овој пат. Кога врне, имаме големи проблеми особено при обилни дождови овде се собира чакал и кал и станува многу лошо, не може да се помине. Пред неколку дена багер работеше да ни овозможи да поминеме“,рече еден жител.

„Ова треба да се поправи еднаш засекогаш, а не само да не лажат. Кога ќе дојдат изборите, сите се собираат тука, а сега една улица не можат да направат. Кога врне не можеме да поминеме низ ѓубре, сега во зима станува уште полошо. Кратко ќе им кажам, да не доаѓаат повеќе за гласови, да не даваат лажни ветувања“, изјави друг жител.

„Еве гаражата ми е тука и сета вода влегува во гаража. Го донесов багерот, го исчисти и сам платив, тука ништо не се прави. Тие ветија сè, сега никој не презема ништо“, рече еден жител.

„Ако не преземат мерки и немаат слух и разбирање да дојдат да го видат овој пат, ќе преземеме други порадикални мерки“, додаде друг жител.

За овие поплаки на граѓаните баравме одговор од првиот човек на општина Теарце, Нухи Незири, но отаму нема никаков одговор./Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button