Неред и турканици – Вакцинални пунктови претворени во потенцијални извори на зараза

Пунктовите за вакцинација во градовите Тетово, Гостивар, но и Кичево, во последниве денови почнаа да повеќе да личат на пунктови за ширење на корона вирусот, како последица на непочитувањето на мерките како што се растојанието и неносењето маски.
„Чекам пет часа, што да правам, се плашам, ја имам маската, но и маската не врши работа. Сега во девет започнаа со работа “
„Од осум чекаме, можеме да се заразиме од вирусот, но што да правиме“
„Се плашиме дека ќе се заразиме, но што да правиме, овие самите го прават тоа.
„Ја сум за втората вакцина, но еве не оставаат да чекаме со часови со оние што немаат термин. Тука сум од осум часот“, рекоа присутните.
Дежурниот лекар на пунктот за вакцинација во Тетово, вината за гужвата ја префрла во укинувањето на услугата „Мој термин“.
Во Тетово досега се дадени околу 30.000 вакцини, а интересот на граѓаните за примање на вакцината е зголемен во последните пет дена, па така дневно се даваат до 2.000 дози.
Башким Сулејмани