МАКЕДОНИЈА

Несогласувањa меѓу партнерите на коалицијата СДСМ-БЕСА-ДУИ, околу поделбата на парламентарните комисии


Опозицијата бара од парламентарното мнозинство да ги реши, според нив, несогласувањата меѓу себе и да предложи челнови за да се формираат работни тела во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги бара сите комисии што ги имале во претходниот состав, освен онаа за избори и именувања.

Опозицијата неофицијално ги предложи  имињата на претседателите на 8-те комисии.  Пратеникот Антонио Милошоски повторно е предложен да претседава со Комисијата за надворешна политика, за претседател на комисијата за финансии е предложен  Тимчо Муцунски, за социјална политика  Рашела Мизрахи, за надзор врз  комуникациите  Игор Јанушев,  а со комисијата за земјоделство пратеникот Љупчо Димовски.

Kомисија за финансии – Тимчо Муцунски
Комисија за заеднички можности – Благица Ласковска
Комисија за надворешна политика – Антонио Милошоски
Комисија за труд и социјална политика – Рашела Мизрахи
Комисија за надзор на комуникациите – Игор Јанушев
Комисија за надзор на работата на АНБ и разузнавање – Љупчо Пренчов
Комисија за земјоделство – Љупчо Димовски

Од СДСМ велат дека се очекуваат конкретни чекори во среда по состанокот меѓу координаторите на пратеничките групи. Во СДСМ и Движењето Беса, се уште трае дебатата за тоа кој ќе ја предводи Комисијата за европски прашања, што ја бара и ДУИ. Партијата на Али Ахмети сака да ја предводи  Комисијата за уставни прашања, со која според Деловникот претседава претседателот на Собранието, како и Комисијата за здравство и Комисијата за образование. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе има претседател на две собраниски комисии.

Според Деловникот, на опозицијата и припаѓа Комисијата за слободи и човекови права, а се надеваат на  уште една од комисиите како што за образование, здравството или културата. Во принцип, 21 парламентарна комисија се поделени 60 спрема 40 проценти во корист на власта. СДСМ и ВМРО ДПМНЕ   имаат по 8 комисии. ДУИ ќе раководи со три комисии а коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива со две комисии. Партиите на Албанците во Собранието ќе претседаваат со 6 комисии, или 30 проценти од работните тела. Пред да се  формирааат овие комисии, Собранието не може да дебатира и да донесува закони.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button