СВЕТ

Несреќа во Турција, автобус удри во колона возила, има загинати и десетици повредени

Несреќа во Турција, автобус удри во колона возила, има загинати и десетици повредени

Во сообраќајна несреќа во Мерсин, на југот на Турција, во која учествувале најмалку четири возила, загинале десет лица, а 40 се повредени.

Според турските медиуми, несреќата се случила во неделата на автопатот Тарсус-Адана-Газиантеп.

Advertisements

Како што се наведува понатаму, патничкиот автобус преминал на спротивната лента и удрил во два автомобила и во камион.

По пријавата на терен биле испратени голем број екипи на итната медицинска помош, полицијата и пожарникарите.

Веста за несреќата ја објави и министерот за здравство Фахретин Коча на својот профил на социјалната мрежа Икс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button