ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови

Нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови

Вчерашните поплави во Скопскиот регион го изнесоа на површина недостатокот на соодветен атмосферски канализациски системи. Водата го собра со себе целиот отпад.

Advertisements

Улиците на главниот град за многу кратко време се претворија во реки, додека многу автомобили останаа заглавени.

Некои други ги користеа тротоарите за премин.

Во меѓувреме, од Центарот за управување со кризи пријавија голема штета на терен.

„На неколку локации се утврдени материјални штети, поплавени патишта, паднати дрвја и бројни препреки во сообраќајот. Нема извештаи за повредени лица“, велат од Центар за управување со кризи.

Можеби ќе ги видиме овие сцени повторно во наредните денови. Од Хидрометеоролошкиот завод предупредуваат за нестабилно време вечерва и во наредните денови.

„Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачноста и со изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи„, велат од Хидрометеоролошки завод.

Ова лето, според најавите ќе има чести бури и екстремно високи температури. Очекувањата се дека оваа година, европскиот континент ќе се соочи со нестандардно лето, потопло, посуво и потенцијално поекстремно, особено во текот на месеците јули и август./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button