ЕКОНОМИЈА

Нестабилното време оштети многу земјоделски култури

Поради нестабилното време настрадаа многу земјоделски култури, особено нивниот квалитет. Годинава приносот на пченица и брашно беше помал, но бидејќи имаше поголема површина насадена со пченица, нема да има голема разлика во годишната количина.

Advertisements

„Врз основа на тоа што климатските промени влијаеа на падот на квалитетот на пченицата, и приносот беше помал. Но, сепак, нема голема промена во годишната количина, бидејќи оваа година засеаната површина со пченица беше поголема од претходните години и опфати околу 78 илјади хектари“, велат од Министерството за земјоделство.

Но, од Министерството за земјоделство велат дека како и секоја друга година така и годинава ќе има потреба од увоз на околу 100 илјади тони пченица или брашно.

„Просечниот принос на пченицата во Северна Македонија во последните години е околу 360.000 тони, додека нашите потреби за пченица се околу 30.000 тони месечно, ако се пресмета, излегува речиси исто колку и приносот од земјоделските култури. Но, имајќи предвид дека целата пченица не е наменета само како храна за луѓето, годишно има потреба од увоз на околу 100.000 тони пченица или брашно“, додаваат од Министерството за земјоделство.

Изминатите години беа засадени од 75 до 76 илјади хектари пченица.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button