ВЕСТИСВЕТ

Нетанјаху: Ништо нема да нè спречи да победиме, дури ни меѓународниот притисок

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ништо нема да ја спречи неговата земја да победи во војната против милитантното палестинско движење Хамас.

Advertisements

За време на посетата на воената база во јужен Израел, Нетанјаху рече дека ниту смртта на војниците ниту „меѓународниот притисок“ за прекин на огнот нема да ја запрат еврејската држава.

„Ќе продолжиме до крај. Нема сомнеж за тоа. Ова го велам свесен за големите страдања предизвикани од воените загуби, но и ‘земајќи го предвид меѓународниот притисок’. Ништо нема да нè запре. Ќе одиме до крај, до победа, ништо помалку“, рече Нетанхају.

Неговата изјава следува откако огромно мнозинство од земјите во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во вторникот ја поддржаа резолуцијата со која се бара итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Резолуцијата ја поддржаа 153 земји членки, меѓу кои и С Македонија, 10 гласаа „против“, а 23 беа „воздржани“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button