ВЕСТИСВЕТ

Неуспешен обид за државен удар во Боливија, уапсен шефот на вооружените сили

Претседателот на Боливија, Луис Арсе, го разреши шефот на боливиските вооружени сили, генерал Хуан Хозе Зунига, обвинувајќи го за обид за државен удар, по што полицијата го уапси.

Зунига бил уапсен и одведен во полициско возило додека зборувал со новинарите пред касарната. Локацијата на која се наоѓа во моментов засега е непозната.

Претходно, под негова команда, војници со оклопни возила пристигнале на централниот градски плоштад во градот Ла Паз во обид за државен удар и упад во претседателската палата.

Пред упадот во претседтелската зграда, Зунига им се обратил на новинарите од градскиот плоштад во Ла Паз, потенцирајќи го зголемениот гнев во земјата и повикувајќи на промена на власта.

Неколку часа подоцна, војската се повлекла од плоштадот, а боливиските власти го уапсиле Зунига.

Тензиите во Боливија се зголемуваат пред општите избори во Боливија следната година при што поранешниот претседател, левичарот Ево Моралес, планира да се кандидира против својот поранешен сојузник Арсе, што, пак, предизвика голем раскол во владејачката социјалистичка партија и политичка неизвесност.

Многумина не сакаат враќање на Моралес, кој владееше од 2006 до 2019 година, кога беше соборен со масовни протести и заменет со привремена конзервативна влада. Уапсениот генерал Зунига неодамна рече дека Моралес не треба да се врати како претседател и се закани дека ќе го блокира ако се обиде.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button