КОШАРКАСПОРТ

Неверојатен пресврт на Милвоки Бакс против Портланд

Кошаркарите на Милвоки Бакс надополнија негатива од 26 поени и го победија Портланд со 108:102. Портланд на девет минути до крајот на третата четвртина водеа со 81:55. Јанис Адетокумбо со 33 поени и 15 скока, односно Демијан Лилард со 31 поен го предводеа Милвоки. Сепак најзаслужен за пресвртот е Боби Портис кој во последниот период постигна 10 од своите 12 поени и со својата енергија го раздвижи тимот.

Advertisements

Денвер Нагетс против Сан Антонио ја прекинаа лошата низа (четири порази на последните пет натпревари). Јокиќ го одигра најефикасниот меч од почетокот на сезоната во победата 132:120. Центарот на Денвер забележа 39 поени, 11 скока и девет асистенции. Во чекор го следеа Мајкл Портер Јуниор со 25 поени и седум скока, односно Реџи Џексон со 20 поени. На спротивната страна Виктор Вембањама забележа 22 поени, 11 скока и шест украдени топки. Сан Антонио го забележа 11 последовен пораз.

Бостон во интересен натпревар славеше во дуеот со Атланта 113:103. Џејсон Тејтум беше најефикасен играч на натпреварот со 34 поени. Кај Атланта се истакнаа Тре Јанг со 33 поени и Богдан Богдановиќ со 23. Богдановиќ погоди седум тројки од 10 обиди.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button