ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Невладини: Нивото на корупција на локално ниво е загрижувачко

Корупцијата „цвета“ во локалните институции. Нетранспарентноста во локалната власт е на загрижувачко ниво. Вака оценува Омер Ајдини од Институтот за демократија и економски анализи ИДЕА. Врз основа на анкети, нивото на транспарентност за користење на народните пари е само 27%.

Advertisements

„На пример да го добиеме транспортното претпријатие на град Скопје. Таа компанија остварува некаде околу 24 милиони евра приход, додека годишната загуба е некаде околу 4 милиони евра, додека нема доволно податоци зошто ова владеење е толку лошо или зошто e овој слаб финансиски резултат. Значи, локалното ниво на управување страда од мала транспарентност“, вели Омер Ајдини, ИДЕА.

Ајдини вели дека нетранспарентноста и зголемената корупција во локалните јавни институции се должи на неказнувањето на одговорните лица во овие институции.

„Поголем фокус треба да се стави на проактивната транспарентност, односно институциите да бидат принудени и казнети доколку не објавуваат информации од јавен карактер и не само институциите туку и лицата кои се одговорни за објавување на тие информации, бидејќи на крајот човечкиот фактор е тој што го одредува нивото на транспарентност на локално ниво, а човечкиот фактор мора да биде казнет доколку таа информација не е транспарентна“, додава Ајдини.

Според Омер Ајдини од ИДЕА, клучна улога има и Министерството за локална самоуправа, кое треба да биде поефикасно во својата работа. Според Транспаренси Интернешнл, Македонија во извештајот обајвен на почетокот на годинава е рангирана на 85 место од вкупно 180 земји.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button