ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Невладините бараат друг текст на законот за буџет

Предложениот Закон за буџети кој е на електронската платформа ЕНЕР е лош и затоа се потребни големи промени, велат од невладините и од граѓанските здруженија. Бараат во Законот да се зголеми транспарентноста како се трошат јавните пари и да се најде механизам за среднорочно буџетско планирање од страна на државата. Сметаат дека фискалните правила кои се во предложениот Закон се многу општи и затоа сугерираат до власта да ги следи европските практики.

Advertisements

„Поврзувањето на фискалната стратегија и среднорочното буџетско планирање со процесите и избегнувањето на ад-хок промени кои што се само прилагодување на одредени состојби се недостаток кој треба да се надмине со носењето на овој закон“, вели  Виктор Митевски претседател на здружение на истражување и анализи ЗМАИ.

Добро е тоа што Владата овозможи граѓаните да го следат трошењето на јавните пари, сметаат невладините. Но, велат дека потребно е да се овозможи поголема транспарентност. Да се има увид и при планирањето на трошоците, не само откако ќе бидат потрошени парите. Граѓанскиот сектор бара и граѓаните да бидат вклучени во планирањето на приходната и расходната страна.

„За нас како граѓански организации транспарентноста во планирањето и трошењето на јавните пари е многу важно затоа што тоа значи дека министерствата, општините се заинтересирани и ќе бидат посветени на тоа да ги вклучат граѓаните и нивните потреби во фазата на планирање на буџетите и во фазата на трошење“, вели  Фани Каранфилова Пановска извршна директорка на Фондација Отворено општество Македонија.

Власта вели дека подолг период работела на новиот текст на Законот за буџети. Планот бил Законот да се донесе на почетокот на годинава, но пандемијата го успорила целиот процен за доработка на текстот.

„Во законот соодветно се предложени фискални правила како и воспоставување на фискален совет кој треба да обезбеди независна и професионална анализа  и мислење на макроекономските и фискалните претпоставки“, рече Димитар Ковачовски заменик министер за финансии.

Актуелниот Закон за буџети е донесен во 2005-та година, а досега текстот има претрпено неколку измени. Уредени се постапките за изготвување, носење и извршување на буџетите на државата и на општините и на Градот Скопје. Известувањето за извршување на буџетите според надлежните не се во согласност со европските стандарди.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button