ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Невреме со пороен дожд во Македонија поплави десетици домови

Во прилепското село Лажани вчера вечер биле поплавени 50 куќи, а дел од населението било евакуирано по обилните дождови кои наврнаа во областа Пелагонија. Градоначалникот на општина Долнени, на која и припаѓа селото Лажани, Урим Ибески изјави дека нема повредени, но има евакуирани жители.

„Причина е излевањето на реката, која поради невремето, како и несовесното градење и отпадот, поплави голем број куќи“, рече Ибески. arabic casino Покрај Лажани во општина Долнени, поплавени биле уште неколку села, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека водата во околината почнала да се повлекува. Во Долнени струјата била превентивно исклучена за заштита на луѓето и мрежата.

Тетово и околината синоќа околу 20 часот беа зафатени обилните врнежи дожд, што предизвика поплавување на куќи, подруми и гаражи, како и излевање на канализацијата од неколку шахти.

Патот кон село Фалише кај подвозникот беше полн со вода, а и останатите подвозници беа во целосен прекин за движење. Исто така, патот што води од Стадион до Касарна се најде под вода и беше во целосен прекин за движење. Според првите инфорамции, под вода беа улиците „Улица 141“ ,ул. „Фуштанска“, ул. بوكر عربي „Илинденска“,„Улица 114“, ул. „Мирце Ацев“, „Улица121“…

Во Неготино се регистрирани оштетени кровови и поплавени домови. Силен дожд врнеше и во Битола и Крушево. موقع 1xbet Поради паднато дрво вчера неколку часа во прекин беше и сообраќајот во двата правци на патот Битола – ГП Меџитлија. А невремето во Виница поплави 30 до 40 објекти. Во Виница наврна најмногу дожд на метар квадратен – 55 литри.

Силен дожд наврна и во реонот на другите пелагониски општини Битола и Крушево, на југозапад од земјава, а невреме го зафати и градот Виница, на југоисток, каде најмногу наврнаа дожд на метар квадратен – 55 литри, како и Тетово, град на северозапад. „По обилните врнежи од дожд кои вечерва го зафатија Тетово и околината, стигнуваат информации за места погодени од невремето, каде има поплавени подруми, гаражи и куќи, а се излеа и канализација од неколку шахти“, соопштија од ЦУК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button