ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Невремето предизвика големи штети во Скопје

Невремето предизвика големи штети во Скопје

Невремето и поројните дождови синоќа, предизвикаа огромна материјална штета во Скопје. Паднати дрвја, блокирани улици, скршени прозорци, срушени сообраќајни знаци и откачени семафори е денешната слика низ главниот град. Надлежните екипи се на терен, работат на санирање на штетите.

Дрвото што го гледате зад вас е од последиците од синоќешните поплави во градот Скопје, но и во многу други градови во земјата.

Додека се санираат штетите од паднатите дрвја, дел од граѓаните раскажуваат низ каков ужас поминале синоќа.

Во текот на изминатото деноноќие на бројот 112 на Центарот за управување со кризи се јавиле 2.699 граѓани. Пријавувани биле прекини на електрична енергија, оштетени покриви, оштетени и заглавени автомобили, лизгање на земјиштето и други штетии од невремето.

„Бројот за итни случаи 112 во ЦУК доби пријави за поголем број настани поврзани со последиците предизвикани од невремето. На некои улици во градот забележани се поплави на улици, поплавени подруми, поплавени улици, паднати дрвја, оштетени автомобили, свлечишта, оштетени инсталации на куќи, оштетени фасади и блокирани возила. Сите надлежни институции се информирани за состојбата и интервенирале, и интервенираат во отстранување на последиците од невремето„, велат од Центар за Управување со Кризи.

Освен во Скопје, поради невремето на повеќе места во Тетово немаше електрична енергија. Од ЕВН Македонија известија дека мрежата во моментов се проверува и се работи на санирање на штетите./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button