
Конгресот ќе формира независна комисија за испитување на смртоносните нереди што се случија во Капитол во САД на 6 јануари. Спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси во писмо до нејзините демократските колеги наведува дека Комисијата ќе ги испита фактите и причините што се однесуваат на „домашниот терористички напад“ и „мешањето во мирниот трансфер на власта“. Пелоси веќе го определи пензионираниот генерал-потполковник Расел Хонор за проценка на безбедносните потреби на Капитол. Двопартиската поддршка за независна комисија се зголеми по ослободителната пресуда за поранешниот претседател Доналд Трамп на судењето за импичмент на 13 февруари.