МАКЕДОНИЈА
Незири: Доцни предлогот за ребалансот

Предвидениот период од 2 месеца е тежок за реализирање на голем проект, кој подразбира санирање на состојбата со пандемијата, вели Аднан Незири од Алијанса са Албанците во своето гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат.
Како што оценува тој, предлогот за ребалансот на буџетот веќе доцни.
„Мислам дека предвидениот период од 2 месеца е тежок за реализирање на голем проект, кој подразбира санирање на состојбата со пандемијата, бидејќи предлогот на ребалансот доцни и ако се бара да се избрза, тука има законски процедури каде дискусијата за ребалансот е 10 дена и се разбира овие процедури се нужно потребни и ребалансот ќе дојде доцна и не може да се реализира“, вели Незири.