МАКЕДОНИЈА

Незири: Ја поддржуваме акцијата на Владата, агресорот мора да биде казнет

За пратеникот на Алијанса, Аднан Незири, односот на Република Северна Македонија кон Русија е правилен бидејќи, како што рече, агресорот треба да биде казнет. Според Незири, интегритетот на секоја држава мора да се заштити. Постапката на Русија не треба да се толерира бидејќи може да се прошири и во други земји, вели тој.

Advertisements

„Агресијата мора да биде осудена и се подразбира дека територијалниот интегритет на секоја земја мора да се заштити. Тоа е многу разумна акција. Во конкретниот случај со Русија, ниту една држава нема право да врши агресија и секако да изврши инвазија на друга земја, и да убива цивили, да ја уништува економијата, да предизвикува светска економска криза. Сметам дека тоа е добра акција и посветено ја поддржуваме со причина агресорите да бидат казнети“, рече Незири.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button