МАКЕДОНИЈА
Незири: Не заслужуваме датум за отворање на преговорите

Кујтим Незири од Младинскиот форум на Алијансата за Албанците, во „Eмисија 200“ на Алсат, рече дека земјава не заслужува датум за отворање на преговорите, а тоа според него, е поради реалната состојба во државата.
Тој рече и дека според заклучоците на ЕУ, земјата сѐ уште има стагнација.
„Навистина не заслужуваме датум за отворање на преговорите поради реалната состојба во која живееме денес и како млади луѓе и како граѓани на оваа држава. И врз основа на некои заклучоци на ЕУ, кои излегоа денеска, не само што нема да добиеме покана за отворање на преговорите, туку и покрај тоа имаме стагнација и во други области. Особено беше нагласена слободата на медиумите и контролата на законодавната власт над извршната власт“, рече тој.