МАКЕДОНИЈА

Незири: Оваа влада има сигурна поддршка во Собранието, „за“ ќе гласаат најмалку 64 пратеници

Политичкиот аналитичар, Џелал Незири, поканет во „360 Степени“ на Алсат, коментирајќи ги последните политички случувања поврзани со промените во Владата, рече дека актуелната Власт со влегувањето на АА во Владата има сигурна поддршка во Собранието. Незири дури рече дека за новиот владин состав ќе гласаат најмалку 64 пратеници.

Advertisements

„Немаме јасна слика на која страна ќе се постават пратениците, особено по овие поделби предизвикани од влезот и излегувањето на политичките партии во Владата, или во владината коалиција. Но, голема е  веројатноста оваа влада, или оваа владејачка коалиција, да има сигурна поддршка во парламентот, односно да има стабилно парламентарно мнозинство. Сега, со влегувањето на АА, за новата влада ќе гласаат најмалку 64 пратеници, чиј дел е и Алијансата за Албанците“, изјави Незири.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button