ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нијагарините водопади обоени во црвено-жолта боја во спомен на жртвите во катастрофалниот пожар во Кочани

Нијагарините водопади синоќа беа осветлени во црвено-жолтата боја во спомен на жртвите во катастрофалниот пожар во Кочани пред една недела, објави канадскиот дневен весник The Star.
Во пеиодот од 21:00. до 21:25 часот синоќа по локално време – и американската и канадската страна на Нијагарините водопади беа осветлени со црвена и жолта боја како што е знамето на Северна Македонија.
– Овој потег е со цел „да им оддаде почит на жртвите и да ги поддржи оние кои тагуваат по трагедијата во македонскиот ноќен клуб, изјави за весникот Стар, Крис Гилс од Нијагара Паркс.