ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Никако да се реши статусот на работниците во градинките во Струга

Никако да се реши статусот на работниците во градинките во Струга

Продолжува хаосот во детските градинки во Струга. Ниту една од дваесет негувателки и воспитувачки, кои со години работат со Договор на дело и плата од само 10.000 денари, од почетокот на септември до денес немаат земено ниту денар, иако редовно одат на работа и се грижат за децата на стружани. Но дека не се гледа излез на проблемот, говори и податокот дека поднесено е барање за фиансиска согласност до Министерството за финансии за само пет вработувања.

Advertisements

„До Министерството за социјална политика, демографија и млади се примени барања за обезбедување на финансиска согласност за вработување на стручен кадар во посочената градинка, и истите се проследени до Министерството за финансии како надлежен орган за одобрување на финансиски средства односно согласности за вработување. Доставени се пет барања за финансиска согласност за вработувања со датум 12.11.2024 година“, велат од Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Од ресорноро министерство велат дека на детска градинка „8 Март“, основач е општината и оти за пополнување на слободно работно место директорот на установата донесува одлука за потреба од вработување на работници. Од регионалниот синдикат на СОНК во Струга велат дека потребно е итно решавање на овој сериозен проблем.

„Овој проблем треба да се реши што е можно побрги.Ние како синдикат сме заинтересоирани за правата на вработени, да имаат решен статус. Проблемот не е само на оние кои сакаат редовно вработување, проблемот е поголем, бидејки нема кој да се грижи за децата кои се во градинките.Групите се над нормативите.И ние како синдикат аплеираме до локалната саоуправа до министерстовото што е можно побрзо да се решава овој проблем“, рече Неби Арифи-претседател на регионална организација на СОНК-Струга.

Побаравме став и од директорката на градинката, Десанка Бошњакоска, но и покрај тоа што вети дека ќе испрати одговор на поставените прашања, тоа не го направи. Меѓудругото ја прашавме,зошто е поднесдено барање за само 5 вработувања, што доколку престанат да доаѓаат на работа, дали ќе се стави клуч на врата на градинката, и дали има доволно вработени кои вршат воспитно-образовна дејност. Алсат неофицијално дознава дека една од мерките кои се размислува е одземање на ингеренциите на Општина Струга и градоначалникот Мерко над детските градинки. Инаку стотина родители, баби, дедовци, со нивните деца и внуци на почетокот на септември протестираа пред Општина Струга, барајќи да се ангажираат воспитувачки во градинките. Во февруари протестираа и вработените, но потоа добија ветување дека нивниот статус ќе биде решен./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button