
Нико Вилијамс блеска во дресот на Шпанија на Европското првенство 2024, заедно со Ламине Јамал креирајќи убиствен тандем по крилните офанзивни позиции. А, тој тандем од следната сезона ќе биде во Барселона. Феноменалниот офанзивец и дефинитивно одлучи кариерата да ја продолжи во каталонскиот тим, а Барселона ќе ја искористи можноста да го купи за 50 милиони евра.
Вилијамс веќе ја почна преселбата во Каталонја, со купување нова куќа, иако од Атлетик Билбао се уште нагласуваат дека нивниот фудбалер нема да биде продаден.
„Нико е верен на Атлетик и сите шпекулации се непотребни. Играчите кои се под договор треба да бидат почитувани, и затоа и Шпанскиот фудбалски сојуз треба да го заштити од такви прашања за време на ЕП. Атлетик е економски способен да ги задржи фудбалерите кои се репрезентативци,“ порача претседателот на Билбао, Џон Уриарте.
Сепак, Вилијамс очигледно нема намера да остане. Подготвен е за новиот предизвик во кариерата.