ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Никој не се пожалил во ДИК за гласањето на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски во Пласница

Ниту една жалба не пристигнала до Државната изборна комисија во врска со гласањето во неделата за избор на градоначалници во Штип и Пласница. Членовите на гласачките одбори и набљудувачите не забележале никакви неправилности ниту во случајот кога пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, јавно го покажа гласачкото ливче. Со тоа, се чини направи дело од Кривичниот законик во однос на тајноста на гласањето. Никакви мерки за ова досега не презедоа ниту обвинителството, ниту полицијата. Одговорноста за постапувањето на Јахоски ја префрлаат еден на друг.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button