Николоски: Бугарската страна да собере храброст да се одржи третиот состанок за изградбата на пругата

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска во одговор на пратеничко прашање ја повика бугарската страна „да се охрабри да се одржи третата средбата што беше плаирана за неделава за изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија.
Одговарајќи на прашање од пратеникот од СДСМ Митко Трајчуловски дали свесно и намерно се одолговлекува изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8 и за давање приоритет на Коридорот 10, Николоски рече дека апсолутно е потребна првин рехабилитација и реконструкција на пругата на Коридор 10 и оти секако големата визија е брза пруга, на која би се оперилало со 200 километри на час во патничкиот сообраќај и 120 во товарниот.
-Тоа, според мене би бил крвотокот на Македонија но исто така и користење на стратешката позиција. Додека тоа го правиме се работи и на Коридорот 8 каде има три дела, рече Николоски. Првиот дел од пругата Куманово-Белјаковце во должина од 31 километар најави дека ќе биде завршен до крајот на годината. За вториот дел, од Куманово до Крива Паланка, посочи дека активностите се одвиваат споро и повикува да постапува Обвинителството.
– Причина е изведувачот, изградени се 27,3 проценти, а рокот е октомври 2026. Го повикувам Обвинителството да истражи како е избрана компанијата Ѓулермак, дали е манипулирано со должината на шини и со начинот на монтирање и на тој начин е отфрлена конкуренцијата. За ова имам доставено и пријави до ЈО како и ревизроски извештаи, но досега не е направено ништо, рече министерот за транспорт.
Во однос на третата фаза, соопшти дека бугарската страна побарала планираната средба за неделава да се одложи за наредната недела.